logo
logo
logo

Роналдо, ШТО ЏВАКАШ? ШТО СОКРИ во шорцевите?! Навивачите ШОКИРАНИ од неговиот потег на натпреварот ВИДЕО

Vecer | 25.11.2022

Роналдо, ШТО ЏВАКАШ? ШТО СОКРИ во шорцевите?! Навивачите ШОКИРАНИ од неговиот потег на натпреварот ВИДЕО

Светското првенство е во тек во Катар, а камерите го прекријабуквално секој агол од теренот, но на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изгледа не му е грижа.

Имено, на натпреварот Португалија – Гана, фудбалерот Кристијано Роналдо е снимен како ја става раката во шорц за време на натпреварот, а подоцна ја вади и почнува да џвака нешто што наликува на гума за џвакање.

На Твитер се појави видео кое ја потврдува целата ситуација и потегот на фудбалерот кој шокираше многу фанови. Логично, повеќето дебатираат за тоа што можел да стави во уста.

Да потсетиме, Роналдо постигна гол на споменатиот натпревар, поставувајќи рекорд кој секој ќе биде многу тешко да го достигне. Имено, Португалецот е првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол на пет последователни светски првенства, а погоди од пенал во победата од 3:2 против Гана.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk