logo
logo
logo

„Роналдо е подготвен да се врати во Реал, само чека повик од Перез“

Vecer | 24.03.2021

„Роналдо е подготвен да се врати во Реал, само чека повик од Перез“

Новинарот Нуњо Луз тврди дека Кристијано Роналдо е подготвен да се врати во Реал Мадрид. Португалската sвезда нема да се двоуми да го напушти Јувентус, доколку добие повик од Мадрид, тврди Луз. Според новинарот, финансксите детали од евентуалната нова соработка со „кралскиот клуб“ се најмалку важни за Роналдо во моментов, кој сака да промени нешто од она што го снајде со Јуве во последната сезона.

По елиминацијата на Јувентус во Лигата на шампионите од Порто, гласините околу можното заминување на Кристијано Роналдо во текот на летото се зголемија. Реал Мадрид наводно е прва опција за португалската ѕвезда.

Извештаите велат дека Хорхе Мендеш, агентот на Роналдо, веќе некое време зборува со луѓе блиски до Перез и очекува во скоро време повик од првиот човек на „Бернабеу“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk