logo
logo
logo

Романо: Нејмар потпиша за 30 милиони евра по сезона

Vecer | 08.05.2021

Романо: Нејмар потпиша за 30 милиони евра по сезона

Еден од најквалитетните, најпрестижните, а и секако најдобро информираните новинари на светот, италијанецот, Фабрицио Романо, предмалку на својот Твитер профил објави дека Бразилецот Нејмар денеска и официјално ја продолжил својата верност нон тимот на ПСЖ.

Потпишан е договор со кој тој ќе остане во Париз до 2026 година, а ќе заработува чисти 30 мииони евра, откако ќе му се одземат сите даноци.

Со ова се завршува една голема сага, која што се врти околу името на Нејмар веќе подолг период, и секако околу неговата иднина.

Според многумина тој беше на излезна врата, се зборуваше наголемо за негов кам бек во Барселона, но од тоа сега нема да има ништо. Очигледно дека зенитот на својата кариера Нејмар ќе го мине во Париз, а откако овој сега веќе актуелен договор ќе заврши тој веќе ќе биде далеку од посакуваната форма и квалитет кој во моментов го поседува.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk