logo
logo
logo

Романците почнуваат со Раду на голот, јавноста шокирана

Vecer | 24.03.2021

Романците почнуваат со Раду на голот, јавноста шокирана

Македонија, на утрешното гостување во Букурешт, мора да го искористи фактот дека кој и да застане меѓу стативите во романската селекција ќе биде неискусен. Имено од четворицата повикани, само Флорин Нита има два настапи, останатите го чекаат своето деби.

Веќе два дена се води полемика или дебата околу тоа на кој голман селекторот Мирел Радои, треба да му даде доверба против Македонија. Неговиот избор бил, барем така се пренесува, Јонут Раду од Интер, вториот или третиот голман на гигантот од Милано.

Од овие најави јавноста во Романија е шокирана, стручњаците се изричито против токму Раду да ги почне мечот со Македонија. Се вели дека најдобро решение бил Флорин Јакоб, голманот на УТА Арад, кој има 27 години. Но и тој се уште нема настапи за својата селекција. Во секој случај голманското место е голема енигма за Романците, а наша веројатно голема шанса.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk