logo
logo
logo

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Борусија (М) во ЛШ ќе се игра во Будимпешта

Vecer | 10.03.2021

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Борусија (М) во ЛШ ќе се игра во Будимпешта

Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах ќе се одигра на 16 март на Арената Пушкаш во Будимпешта, соопшти Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Поради ограничувањата за патување од Велика Британија во Германија и обратно, натпреварот мораше да се премести на неутрален терен. И првиот натпревар од осминафиналето меѓу овие екипи се одигра во Будимпешта на 24 февруари, а Сити победи со 2:0.

„УЕФА им се заблагодарува на Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах за поддршката и соработката, како и на Унгарската фудбалска федерација за помошта во договорот за локацијата каде ќе се одржи натпреварот“, објави УЕФА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk