logo
logo
logo

Ренџерс ја освои титулата без пораз, освои 102 поени, гол-разлика +79...

Vecer | 15.05.2021

Ренџерс ја освои титулата без пораз, освои 102 поени, гол-разлика +79...

Каков кам-бек на Глазгов Ренџерс. Конечно после долго време ја освои шампионската титула во шкотската Премиер лига, а не само што ја прекина доминацијата на Селтик туку до престолот стигна на импресивен начин.

Ренџерс ја одигра сезоната без пораз со што го повтори клупскиот рекорд од 1898/99 кога ја освоија титулата без пораз (тогаш се играле само 18 натпревари) и исто така го повтори рекордот на градскиот ривал Селтик од 2016/17 кога исто така ја завршија сезоната без пораз.

Ренџерс оваа сезона на 38 натпревари остварија 32 победи и шест ремија. Освоени се 102 бода, а гол-разликата е импресивна 92:13. Завршија со 25 бодови предност во однос на второпласираниот Селтик.

На домашен терен ги добија сите 19 натпревари од кои 16 натпревари во регуларниот дел од сезоната плус уште три во плеј-оф за титулата. Гол-разликата на својот „Ајброкс“ е 57:4.

Менаџерот Стивен Џерард се впиша во книгите на рекорди на славниот шкотски клуб кој по 55. пат стана шкотски првак. Сезонава најдобри стрелци се англиските интернационалци Кемал Руф и капитенот Џејмс Таверние со 14 односно 12 погодоци. Веднаш зад ние е и колумбискиот репрезентативец Алфредо Морелос со 12 гола, а Рајан Кент реализираше 10.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk