logo
logo
logo

Реми на “Олимпико“: Аталанта се спаси од пораз во 88.минута!

Vecer | 28.12.2024

Реми на “Олимпико“: Аталанта се спаси од пораз во 88.минута!

Конечно. По серија од 11 победи во Серија А, Аталанта вечерва дојде само до бод и тоа на “Олимпико“ и тоа на гости кај Лацио во меч од 18.коло кој заврши 1:1. Со овој бод тимот од Бергамо се врати на лидерската позиција со еден бод повеќе од Интер, но и со меч повеќе.

Лацио може да жали зошто при водство од 1:0 имаше две колосални шанси да го добие овој меч, а казната стигна во 88.минута и тоа со голот на Брешанини за конечни 1:1.

Лацио беше поконкретен во првиот дел а како круна на тоа дојде и до водство со голот на Деле – Баширу во 27.минута.

Во продолжение од средбата составот на стратегот Гасперини имаа иницијатива, Лукман имаше голема шанса, но сепак на крајот тимот од Бергамо успеа да се спаси од пораз.

Реално ова реми најмногу му одговара на Интер, ама и во Наполи ќе има задоволство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk