logo
logo
logo

Рекордери - Алаба и Милер се единствените со 10 бундеслигашки титули

Vecer | 08.05.2021

Рекордери - Алаба и Милер се единствените со 10 бундеслигашки титули

Поразот на РБ Лајпциг на гостувањето во Дортмунд, го промовира Баерн Минхен во шампион на Германија уште пред „баварците“ да го одиграат дуелот со Борусија Менхенгладбах. Ако Лајпциг не загубеше во Дортмунд, тогаш Баерн требаше да го победи Менхенгладбах да ја осигура „Салатарата“. Но вака Борусија им ја заврши работата.

За Баерн тоа е деветта титула по ред, а 30. во историјата на Бундес лигата што е најтрофеен германски клуб.

А играчите на Баерн Давид Алаба и Томас Милер станаа единствените играчи во Бундес лигата со 10 бундеслигашки титули. Тие скокнаа на првото место и го потиснаа некогашниот нивни колега Франк Рибери кој остана со 9 титули.

Алаба и Милер ги освоија титулите во сезоните 2009/10, и останатите сезони почнувајќи од 2012/13 па до сега.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk