logo
logo
logo

Рекордер е во Чемпионшип, а Тотенхем сака да го купи како замена за Хари Кејн

Vecer | 10.05.2021

Рекордер е во Чемпионшип, а Тотенхем сака да го купи како замена за Хари Кејн

Фудбалерот на Брентфорд Ајван Тони стана рекордер во Чемпионшип дивизијата кога станува збор за постигнати голови во една сезона. 25-годишниот напаѓач во досегашниот дел од сезоната постигна 31 гол со што го стигна рекордот на Ли Хјуз од 31 гол за ВБА во 1998/99.

Овој фудбалер пред почетокот на оваа сезона беше донесен од Питерборо како замена за Оли Воткинс кој замина во Астон Вила. А фудбалерот роден во Нортемптон се надмина себе си и очекувањата на фудбалските експерти. Неговиот брз и неверојатен напредок ги натера големите да размислуваат за него.

Тони е „дете“ на Нортемптон, а Њукасл го донесе во своите редови во 2015 година меѓутоа не знаеше да го искористи неговиот потенцијал. Го позајмуваше во многу нисколигаши, за во 2018 година Питерборо да потпише постојан договор со него. Тој блесна во две сезони за овој клуб – 76 меча и 40 голови. Од таму отиде во Брентфорд.

А сега е цел на Селтик, а во Англија се зборува дека е на радарот и на Тотенхем доколку Хари Кејн одлучи да ја напушти екипата ова лето. Тука се и други екипи: Вест Хем, Челзи…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk