logo
logo
logo

Редарите на „Енфилд“ спречија најсрамна сцена: Симеоне тргна во пресметка со навивачите (ВИДЕО)

Vecer | 17.09.2025

Редарите на „Енфилд“ спречија најсрамна сцена: Симеоне тргна во пресметка со навивачите (ВИДЕО)

Сјаен натпревар во рамките на 1. коло од Лигата на шампионите на „Енфилд“ одиграа екипите на Ливерпул и Атлетико Мадрид. Токму кога помисливме дека по петте постигнати голови и драматичната завршница на натпреварот повеќе нема што да се види – тоа сепак се случи.

Ливерпул се спаси во 92. минута од натпреварот, а голот за победа (3-2) на „Енфилд“ го постигна Ван Дајк.

По тој погодок следуваа срамни сцени, а во главна улога беше тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој тргна во пресметка со навивачите на Ливерпул, но редарите спречија да дојде до хаос.

Потоа, Симеоне на четвртиот судија му се пожали дека некој од публиката му покажал среден прст.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk