logo
logo
logo

Реал со пресврт до победа над Мајорка, ВАР им поништи три гола на „кралевите“

Vecer | 30.08.2025

Реал со пресврт до победа над Мајорка, ВАР им поништи три гола на „кралевите“

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа над Мајорка со 2:1 во третото коло од Ла Лига. Реал победи со пресврт, со головите на Арда Ѓулер и Винисиус Жуниор во 37-та и 38-та минута, додека Ведат Муриќи им донесе водство на гостите во 18-та минута.

Мора да се спомене дека Реал на овој меч постигна уштре три гола, но сите беа поништени. Два гола постигна Мбапе, па и двата му беа поништени поради офсајд, а еден гол на Ѓулер беше поништен поради спорна ситуација со игра со рака.

Во финишот Реал можеше да ја потврди победата, но неколку шани не беа искористени. Мајорка, пак имаше два зицери за израмнување, кои Реал со многу мака успеа да ги одбрани. Осбено беше голема шансата во 66-тата минута, кога Коста биеше, а Карерас ја расчисти топката пред гол-линијата во последен момент.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk