logo
logo
logo

Реал остана без Брахим Диаз три месеци

Vecer | 15.09.2024

Реал остана без Брахим Диаз три месеци

Екипата на Реал Мадрид остана без уште еден важен фудбалер, откако на вчерашниот натпревар со Реал Сосиедад се повреди Брахим Диаз.

Во текот на денешниот ден медиумите објавија дека Брахим има сериозна повреда на мускулот на задната ложа и поради тоа ќе паузира 10 недели. На вчерашниот натпревар Брахим се пожали на повреда, но сепак на негово инситирање тој продолжи со натпреварот. Тоа драстично ја влошило состојбата бидејќи од обично истегнување тој заработил кинење на мускулното ткиво.

Ова е нов тежок удар за екипата предводена од Карло Анчелоти откако од почетокот на сезоната Реал остана без Белингем, Чуамени, Камавинга и Себаљос.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk