Вечерва во 20 часот во Џеда, се игра ново „Ел Класико“, се игра финалето во Суперкупот на Шпанија во кое се среќаваат Реал Мадрид и Барселона. Јасно е дека тоа ќе биде спектакл, а јасно е дека во центарот на вниманието ќе биде Дани Олмо, офанзивецот на Барса кој оваа зима е како вистинска сага ако се знае низ што се помина каталонскиот гигант за да го регистрира, иако се чини дека таа сага сеуште не е завршена.
Интересно, ако Атлетико Мадрид бунтуваше поради одлуката да се регистрира Олмо, Реал Мадрид со ниту еден гест или реакција не се вмеша во целиот тој случај.
А дека Реал Мадрид е кралски клуб а Дон Карло Анчелоти е вистински господин може да се види од следната изјава на стратегот на Реал.
Тој прашан од новинарите дали Реал ќе реагира и што ќе направи тој ако Олмо биде стартер или заигра вечерва за Барса:
„Ако Олмо заигра за Барселона, тогаш ќе мораме да го совладаме неговиот квалитет. Ако тоа не го сториме, тогаш не сме успеале да запреме исклучително квалитетен играч“ изјави Дон Карло кој јасно стави до знаење дека целиот случај сака да го префрли на спортски план.
Секоја чест за Дон Карло.