logo
logo
logo

Реал им забрани на навивачите да скандираат: Пеп изгледаш како пе**р“

Vecer | 10.03.2026

Реал им забрани на навивачите да скандираат: Пеп изгледаш како пе**р“

фото: Football Journalist @Lux_CFC (X)

Директорот на Реал Мадрид, Хозе Луис Санчез, разговараше со навивачите на клубот пред натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

УЕФА претходно го казни Реал Мадрид со 15.000 евра за нацистичкиот поздрав на еден навивач за време на натпреварот против Бенфика. Трибината ќе биде делумно затворена за еден натпревар доколку инцидентот се повтори.

Според „Марка“, Луис Санчез разговарал со претставници на главните навивачки групи на Реал и „категорично забранил“ скандирање за менаџерот на Манчестер Сити, Пепе Гвардиола, за време на натпреварот. Навивачите биле замолени и да не ги истакнуваат националните знамиња, вклучувајќи го и шпанското.

Барањето да се избегнува споменувањето на Гвардиола произлегува од фактот што навивачите на Мадрид редовно скандираат навредливи зборови кон поранешниот тренер на Барселона во стилот: „Еј, Гвардиола, толку си слаб. Прво дрогата, сега изгледаш како пе**р“. УЕФА веќе го казни Реал Мадрид за скандалот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk