logo
logo
logo

Реакцијата на Гвардиола за клучниот момент во киксот на Сити (ВИДЕО)

Vecer | 05.05.2026

Реакцијата на Гвардиола за клучниот момент во киксот на Сити (ВИДЕО)

Фото: Screenshot: Reddit

Манчестер Сити и евертон одиграа 3:3 на стадионот „Хил Дикинсон“ во 35-то коло од Премиер лигата. Клубот од Манчестер испушти важни два бода во потрагата по Арсенал и врвот на Премиер-лигата. Џереми

По натпреварот, тренерот Пеп Гвардиола го коментираше натпреварот, а му беше поставено и прашање за дуелот помеѓу неговиот играч Џереми Доку и дефанзивецот на Евертон, Мајкл Кин. Во тој дуел, стоперот на домашниот тим со голема сила го покоси Доку, кој остана да лежи на тревата некое време. Ситуацијата беше проверена како потенцијален црвен картон, но таа одлука не беше донесена. Погледнете ја ситуацијата.

„Што да кажам… Жолт картон. Доку лежеше на теренот 50 секунди. Не е моја работа да кажам дали требаше да биде црвен картон“, рече видливо саркастичниот Гвардиола.

Погледнете ја неговата реакција ТУКА.

Ова е голем неуспех за Сити, кој е пет бода зад Арсенал со натпревар помалку. Арсенал го поздрави поразот на Манчестер и сега сè е во свои раце, три кола до крајот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk