logo
logo
logo

Артета: Ќе бидеме како ѕверови на теренот

Vecer | 05.05.2026

Артета: Ќе бидеме како ѕверови на теренот

Фото: ФЦ Арсенал/Твитер

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека неговите играчи се подготвени да играат како ѕверови на денешниот реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Првиот натпревар во Мадрид пред една недела заврши 1-1 и „топџиите“ сега ќе имаат предност од своите навивачи кои ги поддржуваат.

„Ќе бидеме како ѕверови на теренот. Ќе уживаме во секој момент и ќе се обидеме да ја искористиме нашата шанса“, рече Артета.

„Можам да ја почувствувам енергијата во тимот и меѓу навивачите. Ова е момент што сакаме да го доживееме заедно. Работевме напорно како тим и како клуб за повторно да бидеме во оваа позиција 20 години подоцна. Подготвени сме да стигнеме до финалето“, додаде Шпанецот, осврнувајќи се на единствениот настап на Арсенал во финалето на турнирот во 2006 година.

„Навивачите нè чекаат. Тешко е да се објасни нашата желба да доживееме таков момент заедно со нашите навивачи“, додаде менаџерот на Арсенал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk