logo
logo
logo

Распределба на парите: Кој клуб досега заработи најмногу од Светското клупско првенство?

Vecer | 30.06.2025

Распределба на парите: Кој клуб досега заработи најмногу од Светското клупско првенство?

фото: FIFA Club World Cup (X)

Групната фаза на Светското клупско првенство заврши, а и осминафиналето е во полн ек, што значи дека 741 милион долари од наградниот фонд од 1 милијарда долари предвиден за натпреварувањето се распределени. Според „Атлетик“, најголемиот дел од парите им припаднале на европските клубови.

Новинарите пресметаа колку учесниците на Светското првенство успеале да заработат по завршувањето на групната фаза. Износот вклучува плаќања за учество на турнирот, бонус за резултати и за пласман до 1/8-финалето на турнирот. Износот на плаќањата што ги добиваат тимовите зависи од рејтингот на клубовите, како и од нивната комерцијална привлечност.

Досега, Манчестер Сити заработи најмногу – 51,7 милиони долари, „Граѓаните“ ги добија сите три натпревари во групната фаза и влегоа во плеј-офот од првата позиција. Реал Мадрид, кој го освои второто место, победи на две средби и одигра едно реми, „лапна“ 48,4 милиони долари во буџетот на клубот. На третото место е Баерн, кој заработи малку повеќе од 45 милиони долари.

Најмалку пари заработи полупрофесионалниот Оукленд Сити. За Новозеланѓаните, ова Светско клупско првенство донесе 4,6 милиони долари во клупската каса.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk