logo
logo
logo

Рафиња: Ханси Флик е човекот, бев со „една нога надвор“!

Vecer | 12.01.2026

Рафиња: Ханси Флик е човекот, бев со „една нога надвор“!

Фото: Батселона Х

Бразилскиот напаѓач Рафиња беше херој на Барселона со два гола во победата од 3-2 над Реал Мадрид во финалето на шпанскиот Суперкуп. Тој уште еднаш ја истакна улогата на германскиот тренер Ханси Флик во неговото враќање во шпанскиот тим.

„Секогаш велев дека Ханси Флик е човекот кој промени сè за мене. Сакав да го напуштам тимот, бев со една нога надвор. Тој дојде и разговараше со мене лично. Ми објасни дека смета на мене за тимот, ми рече дека ќе бидам важен играч“, рече Бразилецот по победата.

„Мислам дека она што му е потребно на еден играч е тренерот да има целосна доверба во него да си ја заврши работата. Не е важно што велат луѓето. Тој ми ја даде довербата што ми беше потребна. После тоа, можев мирно да работам и да го правам она што можам најдобро. Така давам се од себе за тимот. На крајот, кога работиме добро, работите си доаѓаат на свое место“, рече Рафиња.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk