logo
logo
logo

Неверојатно: Ова на Јунајтед не му се случило од сезоната 1914/15!

Vecer | 12.01.2026

Неверојатно: Ова на Јунајтед не му се случило од сезоната 1914/15!

ФОТО: Manchester United/FB

И дефинитивно Манчестер Јунајтед е во тешка криза, веројатно во една од најголемите во својата историја. И покрај заминувањето на Рубен Аморим работите со Дарен Флечер само се влошија, а и новиот стратег Мајкл Керик тешко е да се очекува дека ќе биде подобро.

Откако Манчестер Јунајтед беше елиминиран од последниот турнир, од ФА Купот, на кој се надеваше дека ќе освои трофеј, тимот ќе има обврски само во Премиер лигата до крајот на сезоната. Ова значи дека за целата тековна кампања, „Црвените ѓаволи“ ќе одиграат вкупно 40 натпревари – најмал број за тимот во една сезона од 1914/15.
За прв пат од 1981/82, „Црвените ѓаволи“ беа елиминирани во првото коло од двата домашни турнири – Лига купот и ФА купот.
Според „Би-Би-Си“, се поверојатно е дека Манчестер Јунајтед ќе организира турнеја во Саудиска Арабија во февруари или март, бидејќи тимот ќе биде слободен во викендите кога ќе се играат натпреварите од четвртото и петтото коло од ФА купот.
Јунајтед има една победа во последните седум натпревари, а сега има натпревари со Манчестер Сити и Арсенал. Доколку изгубат, „Црвените ѓаволи“ би можеле да се најдат во втората половина од табелата до 1 февруари, кога ќе бидат домаќини на Фулам. Планиран е и масовен протест против раководството на клубот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk