logo
logo
logo

Радуловиќ: На почетокот играчите беа под мал притисок, но фативме ритам

Vecer | 28.03.2021

Радуловиќ: На почетокот играчите беа под мал притисок, но фативме ритам

Дарко Радуловиќ и МЗТ Скопје чекаат целосна завршница во АБА 2-лига за да го дознаат името на противникот во плеј-офот. Го совладаа Златибор со 71-90 и засега се наоѓаат на четвртото место на табелата.

По триумфот, тренерот на македонскиот претставник смета дека лошата игра во првата четвртина се должи на притисокот – да се добие овој натпревар.

„Овој меч беше многу важен за нас, во обидот да се најдеме на што подобра позиција во првите осум на табелата, и да не играме против најквалитетната екипа, Студенски Центар. Во првата четвртина мислам дека играчите беа под тој притисок, попуштивме во скокот, но потоа влеговме во наш ритам. Имавме малку изгубени топки, имавме солиден шутерски ден. Им посакувам среќа на Златибор, им честитам и за организацијата на овој „бабл“, ќе се видиме во најдобрите осум“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk