logo
logo
logo

Работнички на тежок тест во Златибор

Vecer | 23.03.2021

Работнички на тежок тест во Златибор

Работнички на првиот меч во Златибор ќе ја „брка“ четвртата победа во АБА 2-лига. Димитар Мираковски и неговите момци ќе имаат тешка задача, играат против Борац Бања Лука, кој се наоѓа на третото место на табелата.

Најтрофејниот кошаркарски колектив ќе се бори за опстанок во второлигашкото јадранско натпреварување, откако поради пандемијата коронавирус прескокна еден турнир, па сега се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со скор од три победи и седум порази.

Во Златибор, Работнички отпатува без капитенот Кирил Николовски, но и серија од три порази во домашното првенство и АБА 2-лига. Нема да биде лесно, но македонскиот претставник има доволно сили да одигра еден добар меч и да направи чекор напред, да излезе надвор од опасната зона.

Натпреварот меѓу Работнички и Борац е закажан со почеток во 20 часот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk