logo
logo
logo

Работнички ја има најефикасната победничка серија сезонава

Vecer | 15.04.2021

Работнички ја има најефикасната победничка серија сезонава

Работнички и уште неколку тимови влегоа во турбо ритам поради бројните неодиграни натпревари во Првата лига, откако во изминатиот период имаа меѓународни обврски.

Најтрофејниот кошаркарски колектив и покрај силното темпо на одигрување на заостанатите мечеви, покажа сила и истрајност. Вчера го совлада МЗТ Скопје по вторпат во домашниот шампионат и дојде до шестата победа во низа. На овој начин Димитар Мираковски и неговите кошаркари го сторија она што не му успеа ниту на Пелистер.

Работнички ја има најефикасната победничка серија оваа сезона. Забележа шест победи по ред и тоа само во 14 дена. Истата ја почнаа на први овој месец против Вардар, продолжи против ФМП Академија, Куманово, ТФТ, МЗТ Скопје 2 и МЗТ Скопје. Овој подвиг ги однесе на седмото место на табелата на бод зад ТФТ и шанса за врвот, кој не е недостижен. Доколку продолжат во овој ритам за кратко време можат да се најдат таму.

За разлика од Работнички, Пелистер имаше серија од осум победи во низа, но до нив дојде во период од 14. ноември до 20. јануари. Токму затоа најтрофејниот кошаркарски колектив е пред битолчани, но ефикасноста, шест победи во 14. дена не е мала работа.

Следен противник на Мираковски и неговите момци е Гостивар, до крајот треба да одиграат уште пет средби. Пред најважните битки, овој тим се засили со две имиња, Димитар Караџовски и Иван Аска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk