logo
logo
logo

Пу, пу не важи: Газдите на Манчестер Ј. велат дека не сакаат да го продадат клубот!?

Vecer | 27.03.2023

Пу, пу не важи: Газдите на Манчестер Ј. велат дека не сакаат да го продадат клубот!?

Еден од косопствениците во Манчестер Јунајтед, Абрахам Глејзер никогаш немал намера да го продаде клубот, туку само да ја провери неговата пазарна вредност, пренесува „Дејли мејл“.

Сопствениците, семејството Глејзер, го ставија клубот на продажба во ноември и поставија цена од 6 милијарди фунти. Оттогаш има многу кандидати за целосно или делумно купување на акциите на Манчестер Јунајтед. Главни претенденти за клубот се катарскиот конзорциум предводен од шеикот Јасим бин Хамад Ал-Тани и британскиот бизнисмен Сер Џим Ретклиф и неговата компанија „ИНЕОС“.

Неодамна катарскиот шеик, кој е син на поранешниот премиер на Катар, дал понуда од 5 милијарди фунти за целосно купување на Манчестер Јунајтед. Анализите во Англија укажуваат дека семејството Глејзер би го продаде Манчестер Јунајтед само доколку некој од кандидатите ги плати првично бараните 6 милијарди фунти за купување на клубот. Се верува дека тоа е сосема можна опција, во која Американците сакаат само да ја дознаат пазарната вредност на клубот, како и да ги зголемат акциите на Манчестер Јунајтед.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk