logo
logo
logo

ПСЖ спреми 60 милиони евра за Хакими

Vecer | 29.05.2021

ПСЖ спреми 60 милиони евра за Хакими

Foto> Twitter

Бекот Ашраф Хакими може да биде првиот фудбалер што ќе го напушти Интер во текот на летото. За овој марокански репрезентативец интерес пројави Пари Сен Жермен кој спремил 60 милиони евра за него, но се уште не е постигнат договор, пренесува „Газета дело Спорт“.

Иако игра како десен бек, Ашраф има импресивен ефект сезонава. На 37 натпревари постигна седум голови и запиша осум асистенции. Некогашниот фудбалер на Реал одлично се снајде во Интер, па затоа е интересен и за други гиганти на европскиот фудбал.

ПСЖ ќе менува нешто во својот тим, па Хакими е една од опциите за засилување на десната бековска линија. Кога сме кај ПСЖ да кажеме и дека Алесандро Флоренци ќе го напушти „Паркот на принцовите“ и ќе се врати во Рома.

А Интер откако остана без Конте и го чека новиот тренер, може да остане и без уште неколку фудбалери.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk