logo
logo
logo

ПСЖ немилосрден: Европскиот шампион силно го почна настапот на Светското клупско првенство

Vecer | 15.06.2025

ПСЖ немилосрден: Европскиот шампион силно го почна настапот на Светското клупско првенство

фото: PSG (X)

Европскиот шампион ПСЖ со убедлива победа од 4:0 го започна настапот на Светското клупско првенство во САД. Во европското дерби на денот, парижани го совладаа шпански Атлетико Мадрид и покажаа дека во САД допатуваа со идеја да атакуваат и на светската клупска титула.

Фабијан Руиз го отвори резултатот во 19. минута, а до полувремето со голот на Витиња (45+1), ПСЖ веќе имаше предност и од 2:0.

Во вториот дел Атлетико (М) успеа да погоди, но голот на Алварез беше поништен. До крајот на мечот, Мајулу во 87. минута и по третпат ја затресе мрежата на Облак за 3:0, а конечните 4:0 ги постави Ли од пенал во судиското продолжение. Атлетико мечот го заврши со играч помалку поради исклучувањето на Ленгле во 78. минута.

Во второто коло, ПСЖ за противник ќе го има Ботафого, додека Атлетико (М) ќе има поправен против Сиетл.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk