logo
logo
logo

ПСЖ и Ди Марија продолжија до 2022

Vecer | 12.03.2021

ПСЖ и Ди Марија продолжија до 2022

Официјално, договорот на крилниот фудбалер Анхел Ди Марија со Пари Сен Жермен е продолжен до 30 јуни 2022 година. Аргентинецот и покрај тоа што има 33 години се уште игра одлично и е еден од главните двигатели на работите на „Паркот на принцовите“.

Па по елиминацијата на Барселона, раководството на ПСЖ го официјализираше договорот со својот играч.

Ди Марија е играч на ПСЖ од август 2015 година за кого одигра 248 натпревари (87 голови и 99 асистенции). Тој има дури 16 трофеи со ПСЖ од кои 4 се шампионски титули.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk