logo
logo
logo

ПСЖ го „олади“ Манчестер Ј. за Угарте, сега бара 70 милиони евра

Vecer | 21.07.2024

ПСЖ го „олади“ Манчестер Ј. за Угарте, сега бара 70 милиони евра

Манчестер Јунајтед се уште е многу далеку од договор со ПСЖ за купување на играчот од средниот ред Мануел Угарте. Иако англиските медиуми објавија дека Угарте ќе биде третото засилување во летниот преоден рок, откако „црвените ѓаволи“ ги договорија личните услови со Угарте, сега како голем проблем излегоа преговорите меѓу двата клуба.

ПСЖ минатата година го ангажираше Угарте од Спортинг Лисабон за 60 милиони евра и сега сака да заработи на негова продажба, па ја зголеми цената на Угарте на 70 милиони евра. Манчестер Ј. не сака да плати толкава сума за 23-годишниот уругвајски репрезентативец, па преговорите се прекинати.

„Мирор“ јавува дека преговорите ќе продолжат откако Јунајтед ќе има нешто поконкретно да понуди за Угарте, блуску до сумата која за него ја бараат Французите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk