logo
logo
logo

Прва лига во скратен распоред!

Vecer | 27.03.2021

Прва лига во скратен распоред!

Ново коло во Првата лига ќе биде со скратен распоред. Денеска на програмата има три натпревари, МЗТ Скопје и Работнички имаат обрвски кон АБА 2-лига, додека ТФТ нема да игра против Гостивар поради БИБЛ-обврски.

Еуроникел по триумфот над Кожув, Пелистер и Црн Дрим ќе бара продолжување на победничката серија за печат на супер-лигашкото место против Вардар. Во истиот термин (18 часот), Академија ФМП е домаќин на МЗТ Скопје 2. Избраниците на Александар Петровиќ се на петата позиција на табелата со нови бодови ќе направат голем чекор кон следната рунда. Мотивот ќе биде голем, во првата пресметка, беа совладани од младиот тим од Аеродром.

Дербито на ова некомплетно коло се игра во Куманово, гостува Кожув. И двата тима се во битка за супер-лигата, секој бод е важен. Гевгеличани се наоѓаат на шестата позиција со 26 бода, три бода помалку има Куманово.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk