logo
logo
logo

Протече ДОКУМЕНТ СО 10 ТОЧКИ наводно од Суперлигата: „Лига на шампиони е досадна, ова е иднината на фудбалот“

Vecer | 20.10.2021

Протече ДОКУМЕНТ СО 10 ТОЧКИ наводно од Суперлигата: „Лига на шампиони е досадна, ова е иднината на фудбалот“

УЕФА успеа да ја добие првата битка против европската Суперлига, но војната очигледно ќе продолжи. Челниците на Суперлигата, која ја претставуваат главните луѓе на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, успеаја да ја добијат УЕФА пред шпанскиот комерцијален суд, а беше објавено дека ќе одат и во повисоките инстанци.

Суперлигата се обидува да го зголеми притисокот врз УЕФА пред Европскиот парламент и Европската комисија, а вечерта на спектаклот во Лигата на шампионите и неколкуте голови низ Европа, протече документ од Суперлигата, иако без печат или потпис, насловен „Преиспитување на иднината на фудбалот во Европската унија“, во која се напишани 10 клучни точки.

Во текстот се наведува дека актуелната Лига на шампиони е натпреварување кое не се променило 30 години и дека стана ригидно и здодевно. Исто така, во документот се наведува дека Супер лигата е подготвена да го елиминира концептот на постојани членови и дека слушнале навивачи кои не сакаат затворен лигашки систем.

- Проектот од Супер лигата е признание за расипан систем. УЕФА е самооснована фудбалска влада во Европската унија, додека е приватна швајцарска асоцијација регулирана со швајцарското право и подлежи на CAS за спортски прашања.

УЕФА има блиски врски со некои сопственици на клубови кои доаѓаат од земји кои не се членки и кои спонзорираат одредени натпревари, како и купувачи на аудиовизуелни права на турнирите во УЕФА, кои седат на своите одбори на Европската асоцијација на клубови без никаков транспарентен изборен процес – јасно е алузија на Насер Ал-Келафи од ПСЖ.

Еве ги сите поенти на Суперлигата:

  1. Суперлигата нема да го загрози функционирањето на домашните натпреварувања со ниту еден свој чин.
  2. Концептот на „постојано членство“ е отфрлен.
  3. Суперлигата признава дека системот е лош.
  4. Улогата на УЕФА создава структурни конфликти.
  5. Тесни односи на УЕФА со одредени луѓе од земји кои не се членови на ова тело.
  6. Недостаток на фудбал со врвен квалитет.
  7. Несоодветна финансиска контрола.
  8. Недостаток на транспарентност.
  9. Европската унија ја губи контролата врз фудбалот.
  10. Клубовите од големите градови во помалите земји не можат да се натпреваруваат според актуелниот модел на УЕФА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk