logo
logo
logo

Промена на плановите на Ретклиф: „Олд Трафорд“ ќе биде урнат само по еден услов!

Vecer | 19.09.2024

Промена на плановите на Ретклиф: „Олд Трафорд“ ќе биде урнат само по еден услов!

Манчестер Јунајтед ќе го урне својот иконски стадион „Олд Трафорд“ доколку новиот косопственик Сер Џим Ректлиф добие поддршка да продолжи со својот амбициозен план за нов стадион наречен „Вембли на северот“, кој ќе чини околу 2 милијарди фунти, но има уште многу услови за овој план да биде лансиран.

Раководството сметаше дека во добар исход сепак ќе го задржат „Олд Трафорд“ со намалени капацитет од 30.000, а целта на оваа идеја е да се зачува клупската историја и паралелно со женскиот тим и тимовите од академијата кои играат на стариот стадион.

Сепак, според „Дејли мејл“, сопствениците се откажале од овој план и сега се свртеле кон идејата за рушење на „Театарот на соништата“, задржувајќи само некои историски елементи кои ќе бидат интегрирани во дизајнот на новиот стадион.

Секако, се уште е можно доколку пропадне планот за „Вембли на север“, клубот да направи реконструкција на „Олд Трафорд“, што ќе чини половина од цената на новиот спектакуларен објект – вчера дури беше објавено дека клубот ќе спроведе анкета за поддржувачи за да го дознае нивното мислење. Анкетата ќе започне во петок и ќе ги опфати сите носители на сезонски билети на „Олд Трафорд“.

За да започне проектот за новиот стадион, сепак, на клубот ќе му треба учество и на државата, што е другата голема пречка. Се очекува конечната одлука да биде донесена до крајот на оваа година.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk