logo
logo
logo

Проекција: Македонија останува на 65. место на ФИФА листата!

Vecer | 17.02.2021

Проекција: Македонија останува на 65. место на ФИФА листата!

Очекувано. Со оглед на тоа дека нашата најдобра репрезентација, како и останатите во светот, освен во Африка, немаше официјални натпревари, проекциите велат дека нема да има промени на ФИФА листата за нас. Пред утрешното објавување на оваа листа за месец февруари, проекцијата е дека Македонија ќе остане на тоа “зацементирано“ 65. место. Место на кое сме веќе неколку месеци. Се разбира дека промени, односно раздвижување на ФИФА листата ќе има следниот месец, во март, за кога е закажан стартот на квалификациите за СП во Катар 2022 година.

Ете шанса за Македонија да се искачи некое место погоре на ФИФА листата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk