logo
logo
logo

Продавале кокаин со логото на Роналдо!

Vecer | 03.04.2021

Продавале кокаин со логото на Роналдо!

Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во светот има свој бренд и познатото лого „ЦР7“. Но овојпат тоа лого се нашло на неколку пакети дрога, поточно на кокаин.

Секако дека со ова Португалецот нема никакви врска, некои лица од Њујорк си го “позајмиле“ логото на Роналдо. Го ставиле како печат на пакетите кои тежеле 50 кг.

Повеќе од 50 кг дрога кокаин беше пронајдена во еден стан во станбен комплекс во Квинс. Лицата веднаш се уапсени, покрај дрогата пронајдени се 200.000 долари и полн пиштол“ се вели во сопштението на полицијата.

Нема што, шверцерите сакале со логото на Роналдо подобро да им “врви“ бизнисот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk