logo
logo
logo

Проблеми за Аргентина: И Лаутаро нема да игра против Уругвај и Бразил!

Vecer | 19.03.2025

Проблеми за Аргентина: И Лаутаро нема да игра против Уругвај и Бразил!

Лоши вести и тоа какви за селекторот на светскиот првак, Лионел Скалони. Имено ако се знае дека, поради повреда, Аргентина на дуелите од квалификациите за СП 2026, против Уругвај и Бразил, нема да настапи Лео Меси, најновите информации велат дека нема да игра ниту Лаутаро Мартинез. Еден од најдобрите фудбалери на “гаучосите“ и капитен на Интер на последниот тренинг се пожалил на повреда на ложата. Тој и покрај се сакал да остане во кампот на Аргентина, но докторскиот тим му наредил на напаѓачот веднаш да замине за Милано на дополнителни прегледи. Токму затоа и нема некои детали за тоа колку Лаутаро ќе биде во „аут“.

Се разбира дека ова се крајно лоши вести и за стратегот на шампионот на Италија, Симоне Инзаги. Имено повреден е Маркус Тирам, и ако Лаутаро нема да може да игра против Баерн Минхем во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, тоа ќе биде катастрофа за Интер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk