logo
logo
logo

ФИФА го исфрли мексиканскиот Леон од Светското клупско првенство!

Vecer | 21.03.2025

ФИФА го исфрли мексиканскиот Леон од Светското клупско првенство!

На само три месеци до стартот на Светското клупско првенство, кое ова лето ќе се одржи во САД, ФИФА одлучи да го исфрли тимот на Леон од Мексико од учеството на ова првенство.

Клубот кој пред неколку недели беше познат низ сиот фудбалски свет поради трансферот на Хамес Родригез, сепак и дефинитовно нема да учествува на СКП.

Причината е едноставна. Имено Леон во дадениот рок не ги регулирал сопственичките односи. Поточно покрај Леон и клубот Пачука е дел од групацијата“Пачука“. Леон влезе како учесник со освојувње на КОНКАКАФ Купот Шампиони во 2023, додека Пачука го освои овој трофеј минатата сезона. Потоа ФИФА против двата тима поведе покрена постапка, а крајниот епилог е исклучување на Леон од СКП.

Кој клуб ќе го замени овој тим на СКП допрва ќе биде одлучено.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk