logo
logo
logo

Проблем за Барса: Без Олмо на мечот со Монако во ЛШ

Vecer | 16.09.2024

Проблем за Барса: Без Олмо на мечот со Монако во ЛШ

Новото засилување за Барселона во средниот ред, Дани Олмо, повторно има проблем со повреда. Како што објави весникот „Ас“, Олмо би можел да оди на рехабилитација најмалку 10 дена поради проблеми со тетивата.

Олмо се повреди на натпреварот против Џирона вчера, каде постигна еден од четирите гола во победата на неговата екипа. Шпанецот беше во стартниот состав и постигна гол во 47. Минута, по што беше заменет поради повредата во 61. минута.

Поради повредата, Олмо може да пропушти два меча на Каталонците, од кои едниот е средбата од Лигата на шампионите со Монако, а вториот меч од првенството против Виљареал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk