logo
logo
logo

Претседателот на Бразил е скептик околу изборот на Анчелоти

Vecer | 14.05.2025

Претседателот на Бразил е скептик околу изборот на Анчелоти

Со оглед на фактот што фудбалот во Бразил се смета за божество, нормално е што изборот на Карло Анчелоти за селектор на „Селесао“ е главна тема со денови во инаку мултимилионската држава.

Темата стигна и до првиот човек на оваа земја, претседателот, Луиз Инасио Лула да Силва, кој на изненадување на многумина не е пресреќен со изборот на Анчелоти.

„Искрено, немам ништо против странец да ја води репрезентацијата, но има тренери во Бразил кои би можеле да се справат со задачата“, рече претседателот.

„Тој е одличен тренер. Беше и одличен играч. Мислам дека сме во период на опаѓање – немаме играчи од класата на оние од претходно. Доволно е да се потсетиме на нашиот напад во 2002 и 2006 година. Се надевам дека со своите стратешки и тактички вештини, тој ќе ѝ помогне на бразилската репрезентација“, призна шефот на државата.

„Му предложив на претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација да ги повикаме најдобрите 22 играчи од домашното првенство. Да видиме што ќе се случи. Мислам дека резултатот ќе биде ист или дури и подобар“, откри Луиз Инасио Лула да Силва.

FOTO LULA X

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk