logo
logo
logo

Пред две недели потпиша за Бруклин, а сега објави крај на кариерата!

Vecer | 15.04.2021

Пред две недели потпиша за Бруклин, а сега објави крај на кариерата!

Искусниот кошаркар ЛаМаркус Олдриџ, пред две седмици потпиша договор со Бруклин Нетс, а денеска соопшти дека става крај на кариерата.

Овој 35-годишен играч требаше да биде големо засилување за Нетси, кои прават тим за титула. Меѓутоа тука завршува бајката за Олдриџ.

Олдриџ на социјалните мрежи потврди дека ја завршува кариерата и дека бил приморен да ја раскине соработката.

„Денеска со тешко срце го пишувам ова. Последниот меч кој го одиграв, имав проблем со неправилното работење на срцето. Подоцна ситуацијата се влоши и навистина без загрижен. Следното утро и соопштив на екипата, ме одведоа во болница. Иако се чувствувам подобро, сепак, таа ноќе нема никогаш да ја заборавам. Затоа ја донесов  оваа тешка одлука“, рече Олдриџ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk