Репрезентацијата на Мароко дојде до уште еден голем резултат по освоеното четврто место на Светското првенство во Катар. Фудбалерите на оваа земја пред 65.000 навивачи во пријателски натпревар го совладаа Бразил со 2-1, за првпат во својата историја.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Софијан Буфал во 29. минута. Во вториот дел Бразилците израмнија на 1-1 преку Касемиро во 67. минута, додека голема победа за Мароканците донесе Сабири во 79. минута.


sportmedia.mk