logo
logo
logo

ППД Загреб побарал прекин на хрватското првенство, Нексе вели: Тоа е бесмислена идеја!

Vecer | 06.04.2021

ППД Загреб побарал прекин на хрватското првенство, Нексе вели: Тоа е бесмислена идеја!

Повторно турбуленции во хрватскиот ракомет. Денеска се појави писмо од ППД Загреб испратено како барање до Хрватската лига да биде прекината сезоната по само едно коло. На тоа веднаш реагираше екипата на Нексе, која преку претседателот Ерговиќ за хрватските медиуми истакна дека писмото стигнало до сите други клубови, но не и до нив.

„Она што го бара Загреб е преседан и бесмислена идеја“, вели претседателот на клубот од Нашице, Јосип Ерговиќ.

„ППД Загреб го испратил тоа барање до сите клубови освен нас. Го добивме од други клубови и така откривме што планираат. Во нивното писмо се вели дека тие сакаат првенството да биде прекинато до ново известување и додека не се вакцинираат сите играчи. Сега, што тоа значи до ново известување, тоа е многу добро прашање. Бордот на директори, чиј член сум, ќе се состане во четврток, па претпоставувам дека ќе дознаеме што сакале да кажат со тоа, но во секој случај, таа идеја е бесмислена и би била преседан“, вели Јосип Ерговиќ.

Тој дополни дека ниту една лига во Европа не планира вакво нешто.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk