logo
logo
logo

Познати се сите патници во 1/4 финалето: Македонска пресметка за Ф4 во Келн

Vecer | 08.04.2021

Познати се сите патници во 1/4 финалето: Македонска пресметка за Ф4 во Келн

Со завршување на реваншот од осминафиналето во ЛШ меѓу ПСЖ и Целје, и официјално познати се сите двојки во четвртфиналето, последни битки кои носат место на фајнл-фор завршницата во Келн.

Вардар 1961 е елиминиран, но Македонија сепак ќе има свои претставници, а она што е интересно е што подобриот од нив ќе се најде на Ф4. Кирил Лазаров со својот Нант ќе ги одимери силите со Веспрем на Дејан Манасков.

Бранителот на тронот, Кил пак за противник ќе го има ПСЖ предводен од Раул Гонзалез, Барселона ќе игра со Мешков Брест, додека пак Алборг со Фленсбург.

Првите мечеви се закажани за 12. мај, реваншите се седум дена подоцна. Лазаров е домаќин на Манасков на првата средба.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk