logo
logo
logo

Познати се 10-те најдобри летни трансфери во Премиерлигата

Vecer | 01.01.2026

Познати се 10-те најдобри летни трансфери во Премиерлигата

фото: James Tyler (still) @JamesTylerESPN (X)

ЕСПН објави листа на 10-те најдобри летни трансфери во англиската Премиер лига за сезоната 2025/2026. Трансферот на Гранит Џака од Баер Леверкузен во Сандерленд, според рангирањето, е најдобриот трансфер потег кој некој англиски клуб го направи ова лето, гледано според игрите и постигнувањата на новите засилувања.

Гранит Џака дојде кај „црните мачки“ од  Баер за 15+5 милиони евра. Играчот досега постигна 1+5 гола и асистенции во 18 натпревари. Во Топ 10 изборот на ЕСПН се најдоа и:

Нони Мадуеке – од Челзи во Арсенал за 58 милиони евра, 3+0 во 14 натпревари.

Адриен Труфер – од Рен во Борнмут за 17 милиони евра. 0+1 во 19 натпревари.

Робин Руфс – од НЕЦ Нијмеген во Сандерленд за 10,5 милиони евра. 18 настапи, шест натпревари без примен гол.

Ник Волтемаде – од Штутгарт во Њукасл за 85+5 милиони евра. 9+1 во 26 натпревари.

Сене Ламенс – од Антверпен во Манчестер Јунајтед за 21 милион евра. 13 натпревари, два натпревари без примен гол.

Кирнан Дјусбери-Хол – од Челзи во Евертон за 28,7 милиони евра. 4+2 во 16 натпревари.

Микаел Кајод – од Фиорентина во Брентфорд на позајмица со опција за откуп за 16 милиони евра. 0+0 во 18 натпревари.

Доминик Калверт-Луин како слободен агент во Лидс. 8+0 во 17 натпревари.

Џордан Хендерсон како слободен агент во Брентфорд. 1+3 во 17 натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk