Тимот на Ливерпул не ја оправда фаворитската улога на првиот меч во новата година од рамките на Премиер лигата, и одигра само 0:0 на свој терен против екипата на Лидс.
Разочарувањата во таборот на „Редси“ продолжија и по новата година што значи дека навивачите и натаму ќе бидат експремно незадоволни.
Со овој освоен бод, Ливепрул стигна до 33 поени сезонава, додека за Лидс овој бод е екстремно важен во битката за осптанок. Лидс во моментов има 21. бод и 16 место.
Од друга страна пак, и во вториот дуел од терминот од 18:30, немаше победник. Кристал Палас и Фулам одиграа 1:1. Матета во 39. минута ги доведе домашните во водство но Карни им одзеде два бода со израмнувачкиот гол во 80. минута