logo
logo
logo

Познат распоредот во Ла Лига: Столе почнува на “Камп Ноу“…

Vecer | 23.06.2022

Познат распоредот во Ла Лига: Столе почнува на “Камп Ноу“…

Познат е распоредот на сезоната 2022/23 во Ла Лига, во една од најсилните фудбалски лиги во светот.

Столе Димитриевски, нашиот репрезентативец и еден од најдобрите голмани во Ла Лига за минатата сезона, со својот Рајо Валјекано ќе има тешко гостување уште во 1.коло, и тоа на “Камп Ноу“ и тоа кај Барселона. Да се потсетиме дека на последното гостување на најголемиот стадион во Европа, тој беше херојот на Рајо.

Стартот на Ли Лига е закажан за 14 август.

Инаку Реал Мадрид, актуелниот шпански и европски првак, во првото коло ќе и гостува на Алмерија.

Кога сме кај дуелите меѓу гигантите Реал и Барса, поточно „ЕЛ Класико“, тие се играат на 16 октомври на „Сантијаго Бернабеу“ и на 19 март на “Камп Ноу“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk