logo
logo
logo

Познат и составот на Русија против Македонија

Vecer | 19.02.2021

Познат и составот на Русија против Македонија

Познати се имињата на 12.кошаркари на Русија за средбата со нашата најсилна репрезентација предвиден за денеска од 15.30 часот во Перм.

Селекторот на „зборнаја“ Сергеј Базаревич изненади со повикот на Артем Комолов од екипата на Нижњи Новгород. Победникот во шутирањето на тројки на собирот на сите ѕвезди во ВТБ лигата, кој се одржа пред неколку дена.

Надвор од списокот останаа четири кошаркари: Антон Астапкович, Никита Балашов, Антон Квитковски и Павел Савков кои ќе ја чекаат својата шанса за нареднто меч на Русија, оној против Естонија.

БЕКОВИ: Евгениј Бабурин, Артем Комолов, Иван Штребков (Нижњи Новгород), Максим Григорјев (Парма), Михаил Кулагин (Енисеј), Григориј Мотовилов (Локомотив-Кубан)

КРИЛА: Семен Антонов (ЦСКА), Евгениј Валиев (Химки), Андреј Воронцевич (без клуб), Станислав Иљницки (Локомотив-Кубан),

ЦЕНТРИ: Џоел Боломбој (ЦСКА), Владимир Ивлев (Парма)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk