logo
logo
logo

Реал е подготвен да отпушти играч вреден 100 милиони евра?

Vecer | 29.04.2025

Реал е подготвен да отпушти играч вреден 100 милиони евра?

Напаѓачот на Реал, Рудриго, беше критикуван по неговите последни настапи. Според извори блиски до клубот, доколку пристигне соодветна понуда ова лето, играчот ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“, пишуваат шпанските медиуми. Тренерот Карло Анчелоти не е задоволен од играта на напаѓачот, кој постигна само четири гола на 30 одиграни натпревари оваа сезона.

И покрај довербата што му беше укажана на почетокот на сезоната, неговиот недостаток на ефикасност и влијание врз играта доведе до намалување на неговата улога во тимот. Навивачите исто така изразија незадоволство од неговите настапи, а некои од нив веруваат дека продажбата би била најдобрата опција за двете страни.

Клубот е отворен за преговори, но нема да прифати понуда под пазарната вредност на играчот. Доколку ситуацијата не се промени до крајот на сезоната, разделбата помеѓу играчот и клубот изгледа сè поизвесна. Според „Трансфермаркт“, Бразилецот вреди 100 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk