logo
logo
logo

Потег кој предизвика бура - Куман не го „рецка“ својот фудбалер (ВИДЕО)

Vecer | 23.04.2021

Потег кој предизвика бура - Куман не го „рецка“ својот фудбалер (ВИДЕО)

Вчера Барселона со 5:2 го совлада тимот на Гетафе и се врати во игра за титулата. Иако имаше многу голови, сепак, се чини дека Барселона ја имаше контролата на натпреварот, и не се очекуваше ништо друго освен победа на домашниот тим.

На крилата на Меси кој што постигна два гола, и имаше една асистенција, Барса успеа да издвојува важна победа.

Но, сите останаа вчудоневидени по потегот на Роналд Куман, тренерот на Барселона кој откако го извади Мингуеза од игра, се правеше како тој да не е до него. Најпрво не се поздради, а потоа откако дефанзивецот сакаше да му се обрати, овој само одмавна со рака и излезе од клупата.

Во Шпанија се поделени околу реакцијата. Некои кажуваат дека тоа било еден вид лекција за дефанзивецот, додека други тврдат дека Куман се однесувал како што не прилега на тренер на така голем клуб.

Еве ја ситуацијата:


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk