logo
logo
logo

Последен ден во Златибор: МЗТ Скопје против домаќинот, Работнички против Слобода Ужице

Vecer | 28.03.2021

Последен ден во Златибор: МЗТ Скопје против домаќинот, Работнички против Слобода Ужице

МЗТ Скопје и Работнички денеска ги играат последните натпревари од регуларниот дел од сезоната во АБА 2-лига, домаќин на последниот турнир е Златибор.

Тимот од Аеродром во 13 часот ќе ги одмери силите со домаќинот на „балонот“. Избраниците на Дарко Радуловиќ во минатото коло го заверија пласманот во плеј-офот, останува само да потврди на која позиција ќе го заврши овој дел од АБА 2-лига. МЗТ Скопје има 17 бода, еден повеќе од противникот.

Работнички пак е на претпоследната позиција на табелата, со победа теоретски може да го избегне плеј-аутот, но прво мора да го добие дуелот со Слобода Ужице, кој има 18 бода, еден повеќе од македонскиот претставник. Мечот е закажан со почеток во 17 часот.

ФОТО: АБА 2-ЛИГА/Драгана Стјепановиќ


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk