logo
logo
logo

Порака од фановите: Бенитез, не си посакуван во Евертон!

Vecer | 18.06.2021

Порака од фановите: Бенитез, не си посакуван во Евертон!

Иако е многу блиску до промоција, се чини дека работите во Евертон во врска со назначувањето на Рафа Бенитез на клупата на Евертон, се комплицираат.

Утринава пред стадионот “Гудисон“ осамнаа неколку пораки од фановите на Евертон, за тоа дека тој не е посакуван во клубот.

Причината е јасна, Шпанецот во минатото шест години го водеше градскиот ривал, тимот на Ливерпул, со кој во 2005 година во легендарното финале во ЛШ во Истанбул против Милан, го освои и пехарот.

Покрај пораката дека не е посакуван, има и една доста вулгарна.

Да видиме како на ова ќе реагира раководството на “карамелите“ кои останаа без тренер по враќањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk