logo
logo
logo

Поради проблеми со летовите “лавовите“ ден порано се вратија од Анталија!

Vecer | 05.02.2021

Поради проблеми со летовите “лавовите“ ден порано се вратија од Анталија!

Експедицијата на Македонија ЃП која престојуваше десет дена во Анталија, ден порано од планираното се врати дома. “Лавовите“ веќе се во Скопје. Овој оправдан потег на клубот беше поради проблемите со авио летовите од Анталија и Истанбул. Па така со цел да не им се случи нешто слично како на “пандевци“ кои речиси два дена беа на аеродромот во Истанбул, експедицијата на Македонија ЃП се врати дома порано еден ден.

Ова значи дека денешниот дуел, кој беше планиран како последен во Анталија и тоа против Олимпик Доњецк, е откажан.

До стартот на пролетниот дел, на 14 февруари, “лавовите“ ќе се подготвуваат дома.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk