Вечерва и дефинитивно нема да се игра фудбал на „Ла Керамика“ во Виљареал. Имено поради лошите временски услови или најава за големо невреме, властите го одложија мечот меѓу Виљареал и Еспањол, кој требаше да започне во 21 часот. На гледачите кои веќе беа на трибините им беше кажано да си одат дома.
Инаку ова беше последниот меч од 26.коло во Ла Лига. Допрва ќе се знае новиот термин кога ќе се одигра овој дуел.